Пожар во зграда на ул. „Момчило Јорданоски“ во Охрид

На 17-ти ноември оваа година, околу 04 часот, во зграда на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид избувнал пожар. По излегување на местото на настанот, констатирано е дека пожарот се појавил во подрумска просторија сопственост на Ж.Д. жител во зградата, каде на влезот била поставена метална врата. Пожарот бил локализиран и изгаснат од територијалната противпожарна единица.

СВР Охрид презема мерки за целосно документирање и расчистување на овој настан.