26/04/2024
Македонија

Претседателот Иванов го прими новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими новоизбраниот претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски.

Македонскиот претседател му честиташе на г. Мицкоски за изборот и му посака успех во вршењето на функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот Иванов изрази очекување дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија, активно ќе дава придонес во процесите за остварување на стратешките цели на државата, како и за зачувувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и самостојност на Република Македонија.