26/04/2024
Македонија

Николовски: Со пописот добиваме точни податоци за потребите на граѓаните и за насочување на мерките за одржлив развој во секоја област

Со спроведувањето на пописот добиваме точни податоци за правилно насочување на ресурсите и мерките за одржлив развој во здравството, обазованието, социјалнита заштита, животната средина, бизнис секторот, изјави заменикот на Претседателот задолжен за борба против корупцијата и криманлот, одржлив развој  човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Тој посочи дека владин приоритет и грижа е да се воспостави одржлив развој во секоја област, а целта е таа одржливост да се одрази во образованието, во зачувување на животната средина, здравството, социјалата, економијата, насекаде каде што државата е сервис во служба на  граѓаните. За сето тоа да се спроведе од исклучителна важност е спроведувањето на пописот.

„Со добиените податоци од пописот добиваме јасни насоки за да ги оствариме 17- те цели за одржлив развој на кои, како членка на ОН, се обврзавме дека ќе ги оствариме до 2030 година. Овие цели обединуваат три димензии: економска, а тоа се ефикасно располагање со економските ресурси, генерирање на  развој и раст, животна средина, односно природните ресурси, заштита и одржливо користење на природата, превенција и борба против загадувањето и социјална димензија што подразбира солидарност, борба против сиромаштија и социјални“, рече вицепремиерот Николовски.

При тоа ЗПВ Николовски посочи дека целиот процес во услови на пандемија е безбеден, за што се подготвени специјални здравствени протоколи и обуки за попишување, за заштита на здравјето на попишувачите и попишаните.

„Со пописот добиваме точни информации, кои се потребите на граѓаните,  каде се потребни нови градинки и училишта, каде е потребен стручен кадар за помош за лица со попреченост, нови болници, ефикасни политики за инвестиции, за располагање со работна сила и други податоци важни за политиките за одржлив развој. Државата се сака со поддршка на процеси кои значат развој и подобар живот за граѓаните, и тоа е патриотски чин, патриотски е да си ги кажеш корените. А тоа го овозможува пописот, бидејќи во графите за попис стои Македонци,а  добиваат можност да се попишат и Албанците, Турците, Бошњаците, Србите, Ромите“, рече Николовски, додавајќи дека придобивките од пописот се огромни и затоа е потребно обединување, а не бојкотирање на овој процес.