26/04/2024
Македонија

Претседателот Иванов на средба со Романо Проди, поранешен претседател на Европската Комисија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими г. Романо Проди, поранешен претседател на Европската Комисија и премиер на Италијанската Република, кој во Македонија престојува по повод врачувањето на Светската награда за хуманизам за 2019 година, што му ја додели Охридската академија на хуманизмот.

На средбата беа разменети мислења за актуелната политичка состојба во Република Македонија, процесот на европските интеграции, како и за клучните предизвици со кои се соочуваат регионот и Европската Унија.

Македонскиот претседател ги реафирмираше заложбите на Република Македонија за унапредување на односите со сите соседи и за поголема регионалната соработка, со цел стабилен, безбеден и просперитетен регион.