01/05/2024
Македонија

Полициски службеници поделија храна и лекови на жители во села на границата со Бугарија

Денеска во периодот од 10.00 до 15.00 часот од страна на униформирани полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Исток, во селата Киселица и Селник, во близина на државната граница со Република Бугарија, извршена е посета на постари лица кои живеат сами во оддалечени средини на селата Киселица и Селник, кон кои е отежнат пристапот поради снегот. Доставена им е храна и лекови и оставени контакт телефонски броеви за комуникација доколку имаат некаква потреба.