26/04/2024
Македонија

Проекција на документарниот филм „Сино срце“

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест и Еколошкото здружение на граѓани ФРОНТ 21/42 ќе одржат проекција на документарниот филм „Сино срце“, кој е дел од кампањата „Спаси го синото срце на Европа“ спроведувана од Патагониа, Еуронатур и Ривервоч во соработка со локални партнер организации.

Проекцијата ќе се одржи на 5 мај 2018 (сабота) во Скопје со почеток во 19 часот пред Школката во градскиот парк во Скопје кога ќе бидат достапни за изјави преставници на Еко-свест, ФРОНТ 21/42 и Патагонија.

Филмот „Сино срце“ зборува за борбата да се зачува Балканскиот рис во Македонија, за напорите за спас на реката Вјоса во Албанија, за жените од селото Крушцица во Босна и Херцеговина кои деноноќно чуваат стража на мостот над реката Крушцица за да ја спречат изградбата на нова хидроелектрана.