26/04/2024
Македонија

24 прекршувања на забраната за движење, 470 санкции за неносење маска (Видео)

Од 20.00 часот (22.04.2021) до 05.00 часот (23.04.2021) констатирано е дека 24 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (22/23.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 470 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.