19/04/2024
Охрид

Реконструкција на дел од улицата „Богомилска“

Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, на 25.04.2021 година (недела) ќе отпочне со градежни активности за реконструкција на дел од ул. „Богомилска“ на потегот од јавната чешма кај стамбените згради до крстосницата со „Булевар Туристичка“. Градежните активности ќе ги изведува АД „Илинден“ од Струга .

Се молат сите учесници во сообраќајот и станарите да ги отстранат паркираните возила и да ја зголемат внимателноста заради безбедно одвивање на сообраќајот и непречено одвивање на активностите.