27/04/2024
Охрид

Промовирано КУД „Пирамида“ Охрид

Денес се одржа прес конференција, на која се промовира новорегистрираното културно уметничко друштво КУД „Пирамида“, Охрид.

Претседател на КУД „Пирамида“, Охрид е Нијази Тајип, кој истакна дека ова друштво е отворено за секој граѓанин, а ќе ги негуваат културните обичаи, вредности и традиции на припадниците на етничката заедница Египќани. Во тој дух, е потпишан Меморандум за соработка, со НВО Коалицијата на Египќаните, претставувана од страна на дипл.правник Демир Далип, кој ќе биде и правен советник во ова културно уметничко друштво. Далип истакна дека е исклучително важно, институциите да помогнат на ова друштво, а се со цел да се негуваат културните вреднсти на етничката заедница на Египќаните.

Исто така, и двајцата преставници, побараа подршка од надлежните институции, а најавија и средба со Градоначалниците на Охрид, Струга, Ресен и Кичево.