19/04/2024
ОхридСпорт

Започна Спортскиот камп во организација на Агенцијата за иселеништво, децата од кампот имаа натпревар со децата од КК Охрид

Во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, беше одржан вториот по ред Спортски камп за децата од дијаспората.

Учесниците  во Спортскиот камп, денес имаа тренинг натпревар со децата од КК Охрид и со заедничка дружба уживаа во натпреварот.

На средбата, свое обраќање имаше и директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Бизнаковски, кој на учесниците им посака добредојде со желба за упешно учество во Спортскиот камп, со надеж и за идна соработка и учество во следните активности на Агенцијата кои се за потребите на нашите граѓани во дијаспората.

Агенцијата за иселеништво останува посветена на работењето за поддршка на нашите граѓани во дијаспората.


WebOhrid / 05.07.2022 / Агенција за иселеништво