Пронајдени рибарски мрежи со улов од риба во водите на Охридско Езеро кај Калишта

Во периодот од 22.00 часот на 07.06 до 04.00 часот на 08.06.2020, во заедничка акција на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор „Охридско eзеро“ и службени лица од Државниот инспекторат за земјоделство, при контрола во водите на Охридско Езеро, наспроти с.Калишта, струшко, на околу 1 км од брегот, пронашле повеќе рибарски мрежи со улов од риба, кои се подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.