Се асфалтираат паркинзи на улицата „Партизанска“

Деновиве започнаа работни активности за асфалтирање на паркинг просторот на улица „Партизанска“ во населбата „Охридати“ во непосредна близина на хотел „Дипломат“.

Паралелно со уредувањето на овој паркинг простор ќе биде поставен асфалт и на паркингот кој е лоциран веднаш позади Студенскиот дом „Никола Карев“.

Овие активности се дел од годишната Програма за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид во делот за Изградба и реконструкција на улици кружни крстосници, паркинг простори и велосипедски патеки.