26/04/2024
Охрид

Седмоодделенците од ОУ „Ванчо Николески“- Лескоец во посета на ИНТВ

Вчера седмоодделенците од ОУ „Ванчо Николески“- Лескоец, со своите одделенски раководители, беа во посета на сателитската телевизија „Ин“.

Посетата беше испланирани и остварена во рамките на програмата за соработка со родители „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, која веќе неколку години се спроведува, а е според насоки од Министерството за образование. Како еден од начините за соработка со родители подразбира родител – гостин, кој пред учениците ќе зборува за својата професија, со цел учениците да се запознаат со повеќе видови професии.

„Нашиот родител – гостин, г-дин Ване Петкоски, предложи средбата да се случи во ТВ „Ин“, каде што тој е главен и одговорен уредник. На средбата учениците се запознаа со работата на уредникот, но и со работата на водителите, камерманите и монтажерите. Покрај информациите кои ги добија, учениците имаа можност и самите да видат како се одвива работата пред камерите и зад камерите. Средбата помина одлично. Учениците беа задоволни, а најхрабрите од нив застанаа и пред камерите испробувајќи се во улога на водители. Дел од учениците повеќе беа заинтересирани за монатажата, па многу време поминаа со монтажерите поставувајќи многу прашања.“- велат од ОУ „Ванчо Николески“.