26/04/2024
Охрид

Сојузот на извидници на Македонија го организираше Државниот Извиднички Ориентационен Натпревар – ДИОН

Во периодот од 10.10.2019 до 13.10.2019 Сојузот на извидници на Македонија го организираше Државниот Извиднички Ориентационен Натпревар – ДИОН.

Натпреварот се одржа на повеќе локации во Општина Свети Николе. Повеќе од 100 извидници од целата држава имаа викенд исполнет со многу предизвици. По изминати 50-тина километри марш, 2 ноќи поминати во шатори, успешно подигнат бивак, пронајдени 16 контролни точки, исцртани 100-тина скици, итенирери, кроки, профили и уште многу успешно реализирани задачи, извидниците ги покажаа своите стекнати вештини.

Овој одред зеде учество со две екипи на извидници.

Во категоријата РАЗВИГОРЦИ од 7-11.годишна возраст нашите извидници го освоија првото место и уште еднаш успешно го претставија и одбранија боите на нашиот град Охрид на државно ниво.