Средба на градоначалникот Ногачески со градоначалникот на Модра од Чешка

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, денес во Охрид оствари средба со градоначалникот на Модра, Моравија, Република Чешка, Мирослав Коварик.

„На средбата разменивме информации за нашите општини, како и за воспоставување на поблиска соработка меѓу дваете општини, особено во областа на културата и туризмот.

Градоначалникот на Модра ме запозна со европски подржаниот проект за откривање и популаризација на патот на Светите Кирил и Методиј, во Моравската мисија и нивната намера со проектот да бидат опфатени сите градови и области, каде што Светите браќа Кирил и Методиј ја вршеле својата просветителска дејност и ја ширеле словенската писменост.

Средбата ја завршивме со желба за понатамошна соработка и отворена покана од моја страна за посета на општина Дебрца, односно од негова страна за посета на општина Модра.“ – истакна градоначалникот Ногачески.