Албанец лишен од слобода поради незаконит лов
На 06.12.2021 во 15:00 часот во селото Горенци, општина Дебрца, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при СВР Охрид, го лишија од слобода Ф.Ч.(34) од Република Албанија, поради сомнение дека сторил кривично дело „незаконит лов“ по член 228 од Кривичниот законик.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
WebOhrid / 07.12.2021 / СВР Охрид