25/04/2024
ДебрцаОхрид

Возило излета од коловоз кај Климештани

На 22.03.2023 во 12:30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на влезот за с.Климештани, општина Дебрца, патничко моторно возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.М.(60) од Охрид, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Х.А.(62) од Охрид констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид.


WebOhrid / 23.03.2023 / СВР Охрид