26/04/2024
Охрид

Приведени двајца охриѓани кај кои била пронајдена марихуана

На 22.03.2023 околу 18:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа С.Ѓ.(38) и Х.Г.(40), двајцата од Охрид.

При преглед во патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 23.03.2023 / СВР Охрид