Средба помеѓу в.д. градоначалникот Георгиески и директорот на Центарот за управување со кризи, Буџаку

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, денес, оствари средба со директорот на ЦУК, Агрон Буџаку. Тема на разговор беше проектот што ЦУК го имплементира, а тоа е единствен телефонски број за итни случаи. Тоа значи дека МВР, брза помош и територијалната против пожарна единица ќе се повикуваат од еден број – 112.   

 За таа цел ЦУК ќе формира осум регионални кол центри, од кои еден од нив ќе биде лоциран во Охрид, а главниот ќе  биде во Скопје. Улогата на општина Охрид во имплементацијата на проектот е обезбедување на просторни услови од каде ќе оперира регионалниот центар.

Предвидено е проектот да профункционира до крајот на 2020 година.