19/03/2024
Македонија

Свечен собир на вработените во МО и ГШ на АРМ по повод Денот на АРМ

По повод Денот на АРМ пред зградата на МО и ГШ на АРМ се реализира свечен собир на вработените во МО и ГШ на АРМ.

За време на свеченото постројување се одаде почит на загинатите бранители од конфликтот во 2001 година, по чиј повод пред спомен обележјето на загинатите бранители од 2001 година пред платото на МО/ГШ на АРМ, делегации предводени од министерката за одбрана на Република Македонија, началникот на Генералштабот на АРМ и претставници од семејствата на загинатите бранители од конфликтот во 2001 година положија свежо цвеќе.

На денешната свеченост беа прочитани наредби за унапредување и беа врачени плакети, значки, благодарници и други стимулативни мерки за припадниците на ГШ на АРМ и МО на Република Македонија.

На свеченоста присуствуваа: министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, заменикот на министерот за одбрана Беким Максути, , заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Азим Нуредин, директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Зоран Милески, државниот секретар во МО Драган Николиќ и вработените во МО и ГШ на АРМ.

ТЈ