26/04/2024
Струга

Тепачка во дворно место на куќа во струшко Октиси

На шеснаесетти април оваа година, околу 10 часот, во дворно место на куќа сопственост на Ј.Л. од струшкото село Октиси, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.Д.од истото село, врз И.Ц. од струшкото село Шум.

По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга, против М.Д. ќе поднесе соодветна пријава.