26/04/2024
Струга

Тепачка во Меѓународниот универзитет во Струга

Во СВР Охрид било пријавено дека на 08.10.2018 година во 11:00 часот во просториите на меѓународниот универзитет во Струга Б.К. од село Велешта, струшко започнал вербална расправија со А.К.(40) од Струга кој бил вработен во универзитетот, упатувајќи му закани по неговиот живот, а потоа и физички го нападнал удирајќи го со тврд предмет во пределот на главата. Потоа Б.К. му го одзел мобилниот телефон на А.К. и го напуштил местото на настанот. Б.К. е повикан во полициската станица во Струга и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.