Тројца стружани бесправно граделе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ф.С.(68), А.С.(68) и Р.С.(67), сите од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Во текот 2019 на катастарска парцела во Струга, пријавените во својство на инвеститори, без одобрение за градење, изградиле надградба – шесто ниво на објект за домување.