26/04/2024
Охрид

Тешко повредено лице во сообраќајка кај превојот „Буково“

На 23.06.20 во 11:20 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на превојот „Буково“,  случена е сообраќајна незгода, во која, товарно возило „Мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.К.(46) од Ресен, излетало од  коловозот.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот З.Г.(44) од ресенското село Евла. Двајцата биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде им е укажана лекарска помош. По овластување на Јавен обвинител, на местото на незгодата, увид извршија полициски екипи.