Утре ќе се одржи јубилејниот 40-ти по ред Илинденски пливачки маратон – Охрид 2019

Во организација на пливачкиот клуб Охридски бранови 2008 Охрид, а под покровителство на Советот на оштина Охрид, традиционално, на 02.08.2019 год. (петок), на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км, ќе се одржи јубилејниот 40-ти по ред Илинденски пливачки маратон Охрид 2019. Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат околу 60 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (од 10 до 15 години и 16 години и постари) ќе стартуваат во 10:30 и 10:45 часот од плажата на хотел Парк.

Пристигнувањето на првите пливачи на целта на Градското пристаниште во Охрид се очекува да биде после 11:00 часот.