26/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка за Прочка

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите сограѓани им упатува искрени честитки по повод големиот христијански празник Велики поклади-Прочка.

„Овој празник му се посветува на проштевањето или посуштински на покајанието, кое во Црквата претставува единствената вистинска содржина на личносните односи. Простувањето е една од основните потпори на нашата вера, една од основните пораки на нашиот спасител Исус Христос.

На овој голем празник и убав ден блискоста и љубовта секогаш биле поврзани во секое семејство, во секое познанство и пријателство. Богокопнежливата љубов на христијаните подразбира тежнеење да се живее во добродетелите на милостивост, кротост, долготрпеливост, смирение и секое човекољубие. Денес е денот да се подаде рака, да се побара прошка и да се даде прошка. Тоа е божјиот пат, патот на љубовта, простувањето и спасението на човековиот род.

Нашите граѓани знаат да простуваат и токму затоа, тивко и спокојно, во мир и хармонија, со љубов и радост да ги пречекаме пораките кои ни ги носи овој ден.“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.