Хуманитарна продажна акција на производи на плоштадот „Крушевска Република“

Во рамки на своите хуманитарни активности Црвен крст Охрид во соработка со компанијата Комфи Ангел од Прилеп ќе организира хуманитарна продажна акција на високо квалитетните производи на оваа реномирана компанија, која ќе се реализира на 18.08.2018 (сабота) на плоштадот „Крушевска Република“ (Чинар).

Во периодот од 9-17 ч. ќе бидат изложени надалеку познатите производи на Комфи Ангел, постелнини, перници, јоргани, душеци и др., а посетителите ќе имаат единствена можност истите да ги набават по симболични, промотивно-хуманитарни цени. Дел од средствата собрани од продажбата на производите ќе бидат наменети за помош на ранливите категории на граѓани на Охрид.