ВМРО-ДПМНЕ: Вработените во ОУ Дебрца оставени без плата

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Денес сме 22.02.2020 година, а Градоначалникот Ногачески и Директорката на ОУ Дебрца ги оставија вработените без Јануарската плата.

Го прашуваме градоначалникот дали ваков живот ветуваше за сите жители на општина Дебрца, дали ваков третман заслужија просветните работници кои ја чекаат својата плата која им е од егзистенционално значење за живот, некои од нив имаат кредити за кои можат да се соочат со секакви несакани последици преземени од банките.

Го прашуваме градоначалникот дали знае што му се случува во училиштето или и самиот тој е инволвиран во самата ситуација.

Градоначалниче исплатете ја платата бидејќи законскиот рок до 15 ти во месецот.“ – стои во соопштението од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца.