17/04/2024
ДебрцаСпорт

Директна финансиска поддршка за спортот во Дебрца

Со Годишната програма за спорт за 2018 година Општината ќе додели финансиска и друга поддршка на спортски клубови од општината кои се натпреваруваат во организиран систем на натпревари во општинска и регионална лига.

За екипите во општинска лига предвидена е финансиска поддршка од по 60.000 денари годишно, а за екипи во регионална лига од по 200.000 денари годишно и обезбеден превоз за патување на релации подалеку од 40 км.

Предвидена е финансиска поддршка за сите спортски манифестации во општината, за талентирани спортисти, училишната спортска лига, есенскиот училишен крос.

Планирани се инвестиции во спортска инфраструктура (реконструкција на соблекувална на фудбалско игралиште во село Лешани, реконструкција на осветлување на спортски полигон во село Мешеишта (поставување на лед рефлектори), реконструкција на осветлување на спортски полигон во село Волино ( поставување на столбови и лед рефлектори ) и други инвестиции во спортот.

Се повикуваат спортските клубови да поднесат барања за користење на средствата за пролетната сезона 2018 година.

Од Локалната самоуправа очекуваат и Ваши предлози за инвестиции за развој на спортот во општината.