14/10/2024
ДебрцаОхридСтруга

Центар за јавно здравје Охрид: Состојба со COVID-19 (од 29 август до 4 септември)

Во интерес на информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува податоци, информации и препораки поврзани со епидемијата од вирусот COVID-19, за период од последната седмица на територијата на горенаведените општини.

За период од 29 август до 04 септември 2020 г.

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 80 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.

– Од вкупно земените материјали, 27 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 53 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН

– Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 59 лица и тоа кај 21 лица од општина Охрид, кај 30 лица од општина Струга и кај 8 лица од општина Дебар.

– Активни случаи во Охрид се 42, во Струга 59, а во Дебар 29.

– Во овој период оздравени се 19 лица од Охрид, 31 лица од Струга и 63 лица од Дебар

– Во овој период починати се 3 лица и тоа 1 од општина Охрид, 1 од општина Струга и 1 лице од општина Дебар.

Од почетокот на епидемијата до 04 септември 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 1114 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 354 лица во општина Охрид и Дебрца, 587 лице во општина Струга и Вевчани и 260 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 301, од Струга се 479, а од Дебар и Центар Жупа се 219 пациенти

-од општина Охрид и Дебрца има 11 починати пациенти, од општина Струга се починати 49, а од Дебар и Центар Жупа се починати 12 лица

Дозволете да нагласиме дека коронавирусот е сеуште меѓу нас и во локална трансмисија циркулира со несмален интензитет.

Коронавирусот го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19.

Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:

– ПРАВИЛНО УПОТРЕБА НА ЗАШТИТНА МАСКА

– ОДРЖУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНА-ФИЗИЧКА ДИСТАНЦА НА РАСТОЈАНИЕ НЕ ПОМАЛО ОД 2 м.

– ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ЈАВНИ СОБИРИ И ГРУПИРАЊА

– ЧЕСТО МИЕЊЕ/ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЦЕТЕ

Бидете одговорни…Уживајте во летото, безбедно…МОЖНО Е!