26/04/2024
Македонија

Во чест на Св.Кирил и Методиј, изложба на Тричковска во Виена

Во пресрет на националниот празник – денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, Амбасадата на Република Македонија во Виена, Република Австрија вечерва, со почеток во 18 часот, ќе ја отвори изложбата на академскиот сликар Ивона Тричковска, насловена како Асемантички записи …

Асемантички записи е проект во кој доминира текстуален графицизам, хроматска звучност и мурална димензионираност која го обвиткува просторот во една визуелна целина.

Настанот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.