26/04/2024
Струга

Во црквата Св.вмч. Георгиј – Струга ќе се служи литургија за Митровден

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 8 ноември 2018 година (четврток), во црквата „Св.вмч. Георгиј“ – Струга, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св.вмч. Димитриј Солунски – Митровден“ со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.