26/04/2024
Македонија

Во Кавадарци отворена изложба на дела од Кичевската ликовна колонија

Изложба со дела од Кичевската ликовна колонија е отворена синоќа во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци…

На вчерашното отворање во Кавадарци, директорот на Домот на културата, Владимир Темков го изрази задоволството што и кавадарчани имаат можност да ги видат овие уметнички дела, создадени во рамки на една од најдобрите ликовни колонии во Македонија.

Организаторот на Ликовната колонија со интернационален карактер која се одржа по 24 пат, Горан Донески потсети дека се тоа дела создавани во куќата на уметноста во кичевското село Кнежино. Се работи за слики од 21 уметник од 14 држави.
Во рамките на последната колонија во кичево биле создадени преку 70 дела во различни техники.