26/04/2024
Охрид

Во среда ќе биде промовиран новиот број за СОС повици кон Планинската Спасителна Служба

Во среда во малата сала на Општина Охрид, ќе биде објавен и промовиран, новиот скратен број за СОС повици кон Планинската Спасителна Служба, пракса која за прв пат се воспоставува во некој регион од државата.

Воспоставувањето на посебниот скратен број за СОС повици во случај на планински несреќи, е дел од проектот „Регионот Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“, финансиран од Европската унија, преку ИПА програмата за прекугранична соработка, кој го спроведува Црвен крст Охрид.

На настанот ќе се обратат в.д Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, Претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков и Антонио Додевски, Раководител на Планинската Спасителна Служба.