26/04/2024
Охрид

Втора сесија од Форумот на заедници од Проектот „Зајакнување на општинските совети“

Денес во хотелот “Нова Ривиера“, се одржува втората сесија од проектот, “Зајакнување на општинските совети“, кој е финансиран со средства на УНДП и Швајцарската амбасада во Македонија.

Во рамки на денешната сесија ќе бидат образложени и презентирани седум концепти за предлог проекти од областа на социјалната инклузија во општината, кои беа дефинирани во рамките на првата форумска сесија. Ќе бидат разгледани концептите за реконструкција и адаптација на влезот и салата на Општина Охрид, уредување на младинска канцеларија и формирање на младински совет, уредување на бул.Туристичка и обезбедување на пристапност на лицата со попреченост, туристичка презентација на Охрид преку нови форми на маркетинг, обезбедување на услови за нега и грижа за стари лица, подобрување на уловите во основните училишта и подобрување на социјалната инклузија на лицата со попреченост преку бизнис активности.

Во седумте работни групи на Форумот на заедници, вклучени се претставници на Советот на Општина Охрид, општинската администрација и претставници на невладиниот и бизнис сектор.

Вкупниот буџет на проектите кои ќе бидат избрани за имплементација, изнесува 50 илјади швајцарски франци.