Заев, Османи и Филипче за БТА: Преживеаните патници се во стабилна состојба, изразуваме сочувство со роднините и блиските,

Веднаш по пристигнувањето во Бугарија, премиерот Заев, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за здравство ги посетија преживеаните 7-мина патници кои се сместени во болница, и за медиумите ги дадоа следните изјави:

Венко Филипче: Ние ги посетивме сите 7 повредени пациенти тука во болницата и сите се во стабилна здравствена состојба, односно никој не е во животозагрожувачка состојба. Станува збор за полесни повреди, контузии, посекотини кои се одлично третирани санирани од нашите колеги за кои што сакам да изразам благодарност и на директорот Коромански на болницата Пирогов. Има само еден пациент кој што има скршеница и уште некој дополнителни анализи ќе треба да се прават за видиме дали ќе биде потребен хируршки зафат. Се договоривме да бидеме во контакт сега овие денови за да после целосното стабилизирање на состојбата пациентите ги префрлиме во натамошен третман во Скопје. 

Има повеќе членови на едно семејство и од тоа семејство најмладиот член е девојка на 16 години, а сите други се постари околу 40, 50 годишна возраст.
Бујар Османи: Ќе ја споделам констатацијата на министерот за здравство дека навистина имаше брза реакција од страна на здравствените власти овде, меѓутоа и тоа што го видовме дека сите се згрижени навремено, дадена е прва медицинска помош, сите се стабилизирани. Очекуваме да останат ден – два за можеме да ги префрлиме после во Скопје.

Зоран Заев: Јас ќе оставам на бугарските експерти и професионалци да ги дадат на стручен начин анализите за причината на несреќата. Тоа е видување на овие наши сограѓани кои останаа живи, фала му на господ. Имаат свои впечатоци и свои рефлексии како тоа се случило, но кога ние политичарите ќе почнеме тоа да го кажуваме тогаш може да настане проблем. Треба професионалните луѓе да ги кажат. 
Кога настанал пламенот и несреќата, на задните делови од автобусот, на задните седишта успеале да го скршат прозорецот и да се спасат овие 7 луѓе. Веќе членови на семејствата од Скопје се дојдени тука, на тие наши сограѓани кои што се овде во болницата, дел од нив ги запознавме. Имаа можност да си ги видат своите роднини овде и да поразговараат со нив. 

Прво ќе се видам со премиерот Стефан Јанев. Нас не води министерот Стоев кој што е денеска со нас. Благодарни сме за целата асистенција. Јас навистина во 3 и пол сабајле прво добив информација од премиерот Јанев, после се јави претседателот Радев. Благодарен сум за сите детали, за целата посветеност околу делот на истрагата и знам дека прават се како за свои сограѓани и ќе можеме денеска после посетата на болницата да директно од премиерот Јанев се информираме за деталите.
Тоа ќе очекуваме да го кажат професионалните и стручните служби од Бугарија. Од повеќе места се во Северна Македонија. Сите се граѓани на Северна Македопнија, а од повеќе националности. Имаме еден граѓанин од Прешево од Србија кој што е заедно со вереницата од Куманово, биле заедно во Истанбул на прошетка. Видовме во листата дека има и едно белгиско државјанство. 

Министерот за внатрешни работи на Северна Македонија ме информираше. БЕСА Транс од Скопје фирмата превозник, стандарден превозник кој што ги прави своите превози најчесто на релација Истанбул – Софија – Скопје, за граѓаните пред се од туристички аспект. Не можам да кажам детали, знам само како се вика фирмата, информиран сум, знам дека се бави со туризам има повеќе автобуси и често се на релација Истанбул – Софија – Скопје. 
Не може премиерот на Северна Македонија да знае дали брзината била соодветна или не, тоа ќе го кажат стручните служби. Тоа ќе го кажат стандардните служби, експерти и професионалци.