13/06/2024
Македонија

На Граничен премин Богородица во едно деноноќие лишени од слобода четири лица поради фалсификувани исправи

На 17/18.03.2023 од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ во содејство со полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции, на Граничниот премин Богородица и во околината на Гевгелија се лишени од слобода четири лица, од кои три странски државјани (еден од Р.Турција, двајца од Р.Албанија) и еден државјанин на Република Северна Македонија, поради сомнение дека сториле кривично дело фалсификување исправа, казниво по член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Имено, на 17.03.2023 на излез од државата, А.А.(52) од Р.Турција на увид дал турска возачка дозвола за која постои сомнение дека е фалсификувана. На 18.03.2023 при контрола на патничко возило „хјундаи санта фе“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(29) од Струмица, е утврдено дека се извршени корекции на бројот на шасијата на возилото. Истиот ден (18.03.2023) од страна на двајца албански државјани, Г.К.(45) и Е.Д.(49), доставени се на увид фалсификувани албански возачки дозволи.

Странските државјани се приведени и во консултација со дежурен јавен обвинител за сите се поднесени кривични пријави до надлежното Јавно обвинителство.