13/06/2024
Македонија

Одлука за испраќање припадници на Армијата во НАТО операција во Романија

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во борбената група на НАТО операцијата „enhanced Vigilance Activity-еVA“, во Република Романија, за период од шест месеци, сметано од јуни до декември 2023 година.

За време на реализацијата, како што е објаснето од предлагачот, ќе се зајакне партнерството и соработката помеѓу нашата држава и останатите сојузници во рамките на НАТО и ќе се прошири и збогати билатералната соработка на Република Северна Македонија со Република Романија.