20/06/2024
Струга

Одреден притвор за осомничениот за обид за убиство на началникот на ОВР Струга

На 28.07.2023 од страна на полициски службеници од СВР Охрид-НККР Струга, Оддел за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и Оддел за специјални полициски операции преземени се мерки и активности и лишен е од слобода С.Н. (44) од с. Велешта поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ врз Д.А..

Имено, на 28.07.2023 околу 17.35 часот на ул. „Ристо Крле“ во Струга осомничениот С.Н. со неговото возило му го попречил патот на Д.А., кој бил со своето возило и прво вербално го нападнал, а потоа му нанел повреди со остар предмет, по што се дал во бегство. Д.А. бил пренесен во болницата во Струга, каде му е укажана лекарска помош.

По преземените мерки од полициски службеници на СВР Охрид- НККР Струга во координација со Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за општ и насилен криминал против С.Н. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „убиство во обид“ и од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, по што С.Н. е спроведен во КПУ Скопје.