29/02/2024
Охрид

Сообраќајка на кружната крстосница на бул. „Туристичка“ и ул. „Стив Наумов“, повредено едно лице

На 22.09.2021 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружната крстосница на булеварот „Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(33) и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од В.И.(51), двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид.