26/04/2024
Дебрца

Пронајдени две рачни бомби во селото Песочани

Во селото Песочани, Дебрца, пронајдени се 2 (две) рачни бомби остаток од балканските војни, земја на потекло Турција.

По пријавата во СВР Охрид за пронајдени експлозивни направи, пристигнаа пиротехничари од ДЗС, ги подигнаа рачните бомби и ги пренесоа на безбедно место.