22/04/2024
Македонија

УХМР: Најтопло ќе биде утре и во петок кога температурата на места на југоистокот ќе го надминува и 40-от степен

Под влијание на топла воздушна маса од југ времето во следните денови ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Најтопло ќе биде утре и во петок кога температурата на места на југоистокот ќе го надминува и 40-от степен. И покрај топлото време во следните денови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.