28/04/2024
Македонија

АД ЕСМ целосно ги задоволува потребите од струја на регулираниот пазар

АД ЕСМ на 19.10.2022 година произведе 12.260 MWh електрична енергија.

Во Термоелектраните произведени се 7.845 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.415 MWh.

АД ЕСМ на 19.10.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети.