27/04/2024
Македонија

Бојмацалиев: Внатрешна контрола истражува зошто граѓаните не можат да ги подигнат готовите пасоши

Во изјава за Сител Телевизија, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше запрашан зошто граѓаните не можат да ги подигнат своите готови патни исправи, на што тој рече дека за ситуацијата се истражува од внатрешна контрола на МВР.

„Има доволен број навработени, ќе се испита целата ситуација, ќе се најде проблемот и ќе има решение и за тоа. Ова се случува во последните 30 дена, порано знаете дека личните документи граѓаните за 15 дена ги добиваа. Сакам да дознаеме јас како дополнителен заменик министер за внатрешни работи, да дадеме одговор пред Народниот правобранител и пред граѓаните, зошто одредени патни исправи не можат да бидат земени од граѓаните, а се веќе готови. Тоа е истрага од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди”, рече Бојмацалиев