28/04/2024
Македонија

Бојмацалиев: Македонската јавност сакам да знае дека работиме одговорно и транпарентно, од 01.10.2021 до 09.02.2024 на 47.000 наши иселеници им се издадени нови патни исправи

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на ТВ21 на прашањето околу пораката до нашите иселеници, сограѓани кои живеат во странство за патните исправи да се обратат во дипломатско-конзуларните преставништва и колкава е бројка на побарувања од наши иселеници и дали има таму гужви, појасни дека во 2019 година се отвори тендер во МВР за набавка на нови базни станици од кои 25 се отстапени на МНР.

„Од 01.10.2021 до 09.02.2024 на 47.000 наши граѓани им се издадени нови патни исправи. Доколку им е предалеку базната станица со патен лист можат да дојдат во матичната земја и во законскиот рок да си ги добијат своите патни исправи. Во летните месеци и во декември и јануари секогаш имаме наплив за промена на личните документи, рече Бојмацалиев.