27/04/2024
Македонија

До вторник врнежи од дожд, температурата значително ќе се намали

До вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, особено утре во попладневните и вечерните часови и во западните делови.

До понеделник ќе дува повремено засилен јужен ветер.

Под влијание на студена воздушна маса, во вторник ќе дува засилен северен ветер, температурата значително ќе се намали, на планините и на повисоките места особено на запад врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот можно е да провејува снег и на некои пониски места. Поради разведрување во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни.