26/04/2024
Охрид

Жител од Љубаништа заработи кривична пријава поради „злоупотреба на службена положба и овластување“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.С.(63) од с.Љубаништа, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во текот на 2022 година, пријавениот, како вработен во Национален парк „Галичица“, ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што на катастарски парцели во владение на Национален парк „Галичица“ свесно дозволил бесправна сеча на 377 стебла и со тоа се стекнал со противправна имотна корист во износ од 114.150 денари.