27/04/2024
Македонија

Заеднички активности со Интерпол поврзани со илегалната миграција

Во периодот од 8-ми до 12-ти ноември 2021 година, Секторот за меѓународна полициска соработка и други надлежни организациски единици при МВР беа дел од меѓународна операција поврзана со илегалната миграција. Оваа операција се спроведе во координација со ИНТЕРПОЛ, а за подобро координирање на активностите на терен припадниците на МВР беа придружувани и од претставници од Генералниот Секретаријат на ИНТЕРПОЛ од Лион, Франција.

Организациски единици од МВР кои учествуваа во операцијата: Секторот за меѓународна полициска соработка преку НЦБ ИНТЕРПОЛ Скопје имаше улога на координатор на операцијата, Одделот за гранични работи и миграции, Одделот за сузбивање на организиран криминал и тероризам претставуван преку Секторот за борба против тероризам, насилен екстрмизам и радикализам и Националната единица за сузбивање криумчарење мигранти и трговија со луѓе.

Главна цел на оваа операција беше да се воспостави соодветен механизам за споделување на податоци за можни сомнителни профили на радикали, кои ги користат и злоупотребуваат рутите на мигрантите за да се инфилтрираат преку нив.

Користејќи ги расположливите ресурси и алатки на нашето министерство, како и размената на информации преку полициска соработка со нашите партнерски организации, особено преку ИНТЕРПОЛ, МВР продолжува со активности за гарантирање на безбедноста на граѓаните.