26/04/2024
Македонија

Затворено стрелиште поради неовластена продажба на муниција, приведени три лица, запленета муниција

Денеска (22.07.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ЕНТ ОНТЕМ и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје сопреле две патнички моторни возила и при извршениот преглед кај Н.М. (40) пронајдени се 200 куршуми калибар 7,62, а во другото возило кај лицето Е.Х. (48) пронајдени се 100 куршуми калибар 9мм. Лицата се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 396 од КЗ на РСМ.

Во координација со Секторот за оружје при Одделот за граѓански работи извршена е контрола во цивилно стрелиште во Гази Баба, за кое е утврдено дека вршело неовластена продажба на муниција. Приведено е одговорното лице И.Р. (41) и против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 396 од КЗ на РСМ, а стрелиштето ќе биде запечатено.