27/04/2024
Македонија

За Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица стапуват на сила препораките и мерките за надминување на праг на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри

Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 μg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерните места во Скопје – Центар и Лисиче, Кичево, Кавадарци и Струмица. 

Поради проблеми со мрежните системи на МЖСПП и инсталација на нова серверска опрема не ни се достапни податоци од мерните места: Тетово и Гевгелија.

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.

Центар Лисиче Кичево Кавадарци Струмица
22.12.2022 160.34 189.94 178.04 155.28 188.51
23.12.2022 248.51 259.01 171.13 154.80 244.12

*концентрациите се изразени во μg/m3

Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до сите општини за епизодата на алармантно загадување на воздухот.

Согласно заклучоците од записникот од 40та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за Градот Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање.